Комуналните претпријатија се дават во долгови, дополнителен проблем им се виските сметки за струја, кои им ги изедоа капиталните инвестиции, санација на старите водоводните мрежи или да се подноват со нови возила за собирање на смет. Пари има само за тековните дефекти за застарената водоводна линија, а неколку километарската азбестна водоводна мрежа ќе почека подобри времиња.
Последниве два месеци сметките за струја на комуналните претпријатија пораснаа за над еден милион евра. Неколку претпријатија добија и сметки повисоки од месечниот приход, каков што е случајот на „Исар“, сметката за струја изнесуваше 19 милиони, а приходиите 17 милиони денари. Од Здружението на комунални претпријатија (АДКОМ) велат дека нивните барања за државна помош со месеци им се игнорирани.
Имаме две клучни барања. Комуналните претпријатија да бидат префрлени во повластената тарифа и да се поедностави постапката да може сами да отвораме соларни централи и така да ги намалуваме трошоците. За тоа пак ни е потребна помош, бидејќи државата би требало да биде гарант за кредитните линии затоа што нашите основачи се лимитирани во тој поглед, вели Иван Иванов, претседател на УО на АДКОМ.
Високите сметки за струја се проблем и за болниците, штипската и кочанската за последниот месец имаат вкупен долг од 100.000 евра, но добиле ветување дека ќе добијат помош за да не трупаат долгови, кои им се зголемени и поради ковид кризата во изминатите две години.
Викторија Димитрова Јованова
