Вести Македонија

Навивач, кандидат за пратеник, ревизор, иселеник во Трст, порно-манијак: кој се радува на убиените украински цивили на социјалните мрежи

Убиените луѓе во украинска Буча се главна вест во светот, а Украина ја обвини Русија дека руски војници ги убиле цивилите и извршиле воено злосторство и геноцид. Москва негира било каква врска со убиените и бараше, но не доби расправа за Буча на Советот за безбедност на ООН.

На објавите за веста за трагедијата и големиот злостор, по социјалните мрежи во Македонија имаше разни реакции, но најтрагични беа оние кои се радуваа на веста за стотици мртви или коментираа несоодветно.

По ваквиот развој на настани, Обвинителството и МВР со заедничка информација дека „одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик.“

Повикаа сите вакви кривични дела да се пријавуваат на МВР.

Дигиталната редакција на Телма ги провери објавите поврзани со масовната гробница во Буча на социјалните профили на телевизијата.

На две ФБ објави за текстовите: „Повеќе од 400 мртви цивили пронајдени во околината на Киев, улиците на Буча прекриени со безживотни тела“ и „Во масовната гробница во Буча пронајдени 57 тела на цивили“ забележавме дури 30 корисници на ФБ кои на текстовите ставиле смеење односно емотикон „ха-ха“.

Межу оние што се смееле имаше дури и луѓе на чии ФБ профили стои дека се со високо образование. Меѓу „смеачите“ на трагедијата на над 400 убиени имаше навивач, но и кандидат за пратеник на изборите 2020-тата.

Вработен во приватна ревизорска фирма, како и невработен кој на својот профил споделува порно-фотографии исто така кликнале „ха-ха“ под сликата со масовна гробница. Меѓу насмеаните македонци на смртта имаше и жени кои и коментираа.

-Овој клип сликите се од денес ставени а Русите се повлекоа од Бучи на 30 март.. после четири дена ги ставаат сликите срамота ова лажна провокација ги обвинуваат Русите за злосторствата што ги направеа НАЦИСТИТЕ-АЗОВ, напиша жена во коментарите под објавата што пак беше идентично со демантот на Кремљ.

Меѓу оние што се смееле на трагедијата имаше и анти-ваксери како и следбеници на Qanon (морбидната теорија на заговор дека либерални политичари имаат педофилски жртви скриени по подруми низ САД и владеат со светот, но ќе ги уништи Трамп). Еден од коментаторите имаше многу објави за теории на заговор поврзани со вонземјани.

Неколкумина пак беа иселеници од Македонија во странство, а имаше и неколку лажни профили кои користат социјални мрежи и туѓи профили за споделување на непроверени и неточни информации, како и лажни вести. Најзабележителен беше профил со македонско име, но ги пишуваше постовите на руски јазик, немаше фотографија на профилот, а имаше само 7 пријатели.

-Кој тврди дека ги убиле Русите??? Може Украинците ги убиле со цел да направат хуманитарна катастрофа, коментираше еден од посетителите на социјалната мрежа.

Најмалку тројца од насмеаните на трагедијата во Буча, според објавите на своите профили се анти-ваксери и пропагираа и таква содржина.

CIVILI – NEONACISTI, беше коментарот на постара жена која на профилната ФБ слика е сликана со мало кутре.

Имаше и дипломирани економисти, како и и дипломирани ветеринари на бугарски факултети. И додека на ФБ, коментарите и радувањето на убиените луѓе од жители на Македонија или македонски иселеници има многу, на твитер и на инстаграм профилите на ТВ Телма, немаше вакви коментари и обелкежувања кои може да се сведат под кривичното дело одобрување на воено злосторство или геноцид.

Телма ќе продолжи со проверка на коментарите и емотиконите на своите дигитални платформи и профили за да го спречи говорот на омраза, ширењето на лажни вести и на теории на заговор.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе