Македонија Свет

ВИДЕО: Насилниците од партијата на Вучиќ тепаат опозициски лидер, па бегаат од сопругата која ги снима со телефон

Припадници на СНС, партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој е и кандидат на денешните претседателски избори, го напаѓаат и претепуваат Павле Грбовиќ, претседател на Партијата на слободни граѓани (ПСГ) во близина на избирачко место во Белград, објави телевизијата Н1.

Грбовиќ им посочил на сопартијците на Вучиќ дека користат паралелни избирачки списоци за бележење на гласачи и дека тоа не е дозволено. Се се одвивало во близина на гласачко место во населбата Нова Галеника, Земун, Белград.

Партиските насилници на СНС, во Србија познати како „батинаши“ првин го бркаат Грбовиќ и неговата сопруга од јавна површина и им викаат дека не е точно тоа што го зборуваат, но откако им е кажано дека има и снимка за изборната нерегуларност, тие прво ја напаѓаат жената на Грбовиќ и и го избиваат телефонот од раката.

Откако партискиот лидер Грбовиќ се обидува да ја одбрани сопругата тие го туркаат на земја и го тепаат по лицето и по телото.

ПОВЕЌЕ: Србија бира нов претседател на вонредни избори и нов состав на Собранието

Но, сопругата продолжува да снима, а потоа постар припадник на СНС ги вика помладите да се скријат во избирачкиот одбор. Младите насилници ставаат маски на лицето и капуљачи на главата и се кријат од нападнатата жена која продолжува да ги снима.

На крај девојка доаѓа до партискиот одбор, кој всушност е месна заедница и им отклучува на „батинашите“-насилници кои бегаат внатре во државниот објект и каде има уште луѓе.

Постариот припадник на СНС се обидува да се прикаже како жртва и и вика на жената која снима дека девојката што ја отклучува месната заедница му е ќерка и дека ќе убие ако некој ја допре или снима.

На тоа, жената која што снима му вели па ми го нападнаа и претепаа сопругот затоа снимам. Тогаш членот на СНС (партија на Вучиќ) се обидува да ги убеди дека не биле нападнати и претепани и дека тоа не е точно.

Подоцна пристигнаа полиција, но членовите на партијата на Вучиќ не ги пуштале во месната заедница за да ги фатат насилниците.

Видеото може да го погледнете на следниот линк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Stojakovic (@cravingsbyninochka)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе