Вести Македонија

Силно невреме во Охрид, ветерот откорнал кров од зграда, бандера и дрвја

Откорната кровна конструкција на зграда, оштетен автомобил, падната бандера, искршени гранки…, е само дел од штетата предизвикана од силниот ветер што попладнево го зафати Охрид.

Дел од кровната конструкција од зграда на улицата „Галичица“ паднала на паркинг и според жителите оштетила еден автомобил.

Од Територијалната противпожарна единица од Охрид потврдија дека интервенирале на кров на улицата „Галичица“, бил отстранет разурнатиот дел поради безбедносни причини, а на терен биле и екипи на јавното претпријатие „Комуналец“.

Регионалниот центар за управување со кризи Охрид извести дека на 195 од граѓани добиле дојава дека поради силен ветар дел од кров на зграда на улицата „Галичица“ се срушил (летнал), за што била известена Територијалната противпожарна единица – Охрид и Општина Охрид. Има и јавување од граѓанин дека е откорнат лим од ограда што ја оштетил фасадата на објект во близина, по што е постапено, информирааt од Центарот за управување со кризи.

Од силниот ветер паднала и бандера на улицата „Ристо Чадо“ и дрва во близина на Општата болница и над Свети Јован Канео.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе