Вести Македонија

Радев: Да се преземат конкретни дејствија за решавање на проблемите со правата на македонските Бугари

Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија, изјави дека разговарал со него оти треба да се преземат јасни конкретни дејствија за решавање на проблемите со македонските Бугари, за искоренување на говорот на омраза, за ревизија на учебниците.

Има определен напредок во нашата работа. Тие проблеми, благодарение на упорноста на Бугарија, се осознаваат и се претвораат во ангажман на ЕУ. Прашањето е со какви инструменти ќе се гарантира заштитата на нашиот интерес, оцени Радев.

Радев исто така рече дека очекува од бугарската Влада на покатегоричен начин да го заштити националниот интерес на земјата.

Во врска со објавените резултати од пописот во Северна Македонија, Радев оцени дека „тоа е уште еден доказ за обесправеноста на Бугарите во Северна Македонија, кои не смеат јавно да се изјаснат дека се Бугари, во ситуација кога над 120.000 лица докажале со документ дека се по потекло Бугари“.

Тоа, според Радев, значи дека Бугарија треба да продолжи со политиката на вето за започнување преговори за членство, додека не добие јасни гаранции за тоа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе