Рускиот суд денеска повторно го прогласи за виновен Алексеј Навални, лидер на опозицијата и главен критичар на Владимир Путин.
Навални, кој издржува казна за претходна пресуда, беше прогласен за виновен по обвинението за проневера на пари. АФП вели дека неговата затворска казна би можела значително да биде продолжена.
„Навални извршил измама, односно кражба на имот со помош на организирана група“, изјави судијката Маргита Котова.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
