Вести Свет

Советот на Европа ја исклучи Руската Федерација 

На вонреден состанок, Комитетот на министрите на Советот на Европа одлучи, според постапката започната според член 8 од Статутот на Советот на Европа, Руската Федерација да престане да биде членка на Советот на Европа од денес, 26 години по нејзиното пристапување.

На 15 март, Парламентарното собрание едногласно усвои Мислење кое смета дека Руската федерација повеќе не може да биде членка на Организацијата.

Истиот ден, Владата на Руската Федерација го информираше генералниот секретар за нејзиното повлекување од Советот на Европа во согласност со Статутот на Советот на Европа и за нејзината намера да се откаже од Европската конвенција за човекови права.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2 по писмената верзија на пресудата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе