Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа предложи Украина да се откаже од кандидатурата за влез во воената алијанса НАТО, што се чини дека е главното барање на Русија.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја коментираше изјавата на Зеленски и прашањето за влезот на Украина во НАТО.
„Вчера повторно разговарав со Владимир и секако разбирам што рече за НАТО и реалноста на сегашната позиција. Сите секогаш зборуваа, а ние јасно му ставивме до знаење на Путин, дека нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО“, вели Џонсон.
Но, тој рече дека конечната одлука за пристапување во НАТО е на Украина и нејзиниот избран претседател, и дека Британија ќе ја поддржи Украина каква и да е таа одлука.
