Претседателот на ДУИ Али Ахмети на закажаното место дојде 15 минути порано но и 15 минути по треминот, поканетите гости не се појавија во скопскиот хотел. Масата на која требаа да седнат лидерите на партиите од албанскиот блок ја исполнија новинарите на чии прашања одговараше Ахметти пред да ја даде и официјалната изјава за медиумите. Ги повикал за да им се заблагодарам за заедничката соработка при донесувањето на Законот за јазици, уставните измени и да ги слушане и нивните предлози но побара нивното недоаѓање да не го користат за политички цели.
Партиските челници кои денеска не седнаа со него, претходно се сретнаа со Заев. Ахмети им порача дека во куќа се влага преку врата а не преку прозорец и дека ДУИ е победникот од албанскиот блок
19-годишнината од Охридскиот договор Ахмети остана во друштво на неколкумина сопартијци откако Касами ја одби поканата, а Зијадин Села и Африм Гаши одговорија дека утре не доаѓаат, но би дошле на средба доколку се одржи во друг термин – по 17-ти август. Ахмети возврати дека поканата со агендата ја имале од пред една недела и имале време да се организираат и да анализираат.
За евентулано друга средба во ист соства остави организатори да бидат тие што денеска не дошле одговори Ахмети. За охридскиот рамковен договор вели има уште многу што треба да се направи но оцени дека со законот за јазици заокружен е нормативен дел од договорот. Лидерот на интегративцитео чекува институциите да го имплеметнираат во целост овој закон
Елена Ивановска Мукоска