Крвиата почна да паѓа. Трета недела по ред здравствените власти бележат намалување на бројките на новозаболени и на починати и раст на бројките на оздравени пациенти. 816 нови случаи во текот на минатата недела е за речиси стотина помалку од недела претхоно. Бројката на тестирања е константа а се намалкува и процентот на позитивните тестови. На удар повторно се највозрасните мешу кои има најголем број на заболени. Експерти велат падот се должи на подигање на свеста кај граѓаните но додаваат дека вируисот е непредвидлив и дека не може да се прогнозира неговиот тек.
Помал број на новозаболени и починати а поголем број на оздравени. Ова е заклучокот на ИЈЗ кој го анализираше текот на епидемијата на коронавируѕсот во Македонија во периодот 3 до 9 август. Минатата недела се регистрирани 816 новозаболени што е за 10 отсто помалку од последната недела во јули и Илинденските празници кога имаше 912 случаи. Направени се речиси 9.500 тестирања а процентот на позитивни е 8,6 отсто за разлика од 9,4 отсто една недела претходно.
Според доктор Виктор Исјановски, кој е член на Комисијата за заразни болести, падот на бројките се должи на зголемувањето на свеста кај граѓаните, почитувањето на мерките и ограничувањето на патувањата во странство.
Сепак во која насока ќе се движат бројките и статистиките не може да се предвиди, бидејќи доаѓа есента есента и сезонските болести. За Исјановски е клучно и да има што е можно помасовна вакцинација на населението против сезонскиот грип
Во моментов во државата Пехчево е единствениот град каде нема активни случаи. Минатата недела новозаболени се регистрирани во 26 градови а најголем број се во Скопје – 31,4 отсто, Штип – 11,3 отсто и во Гостивар – 10,4% отсто.
Гледано по старосната структура на новозаболените повторно најголем број се граѓани над 60 годишни – 25,9 отсто а заголемување им и кај старосната група од 30 до 39 години каде отпаѓаат 18,4 отсто од 816 заболени.
Минатата недела битката во коронавирусот ја загубија 25 лица за разлика од неделата претходно кога беа регистриани 29 смртни случаи.
Во периодот од 3 до 9 август 1.038 пациенти го добиле и вториот негативен тест што е речиси идентично со последната недела од кули.
Огнен Чанчаревиќ