Бразил денеска бележи 100.000 смртни случаи поврзани со Ковид – 19, втор на светската листа. Епидемијата во оваа земја не покажува знаци на подобрување. Медиумите пишуваат дека бројот на жртвите е како во поствоени услови.
За три месеци од вирусот починаа 50.000 луѓе, но тој број двојно се зголеми за само 50 дена. До сега има повеќе од три милони потврдени случаи.
Пандемијата треба да го постигне својот пик, а продавниците и рестораните се повторно отворени.
Здравствените служби се жалат на некоординираност од страна на владата на Болсонаро, бидејќи локалните власти сега се сконцентрирани на повторно заживување на стопанството, нешто што ќе придонесе за дополнително ширење на вирусот.