Вести Македонија Топ вести

Ковачевски во Брисел на средби со ЕУ претставниците

Во Брисел, премиерот Ковачевски продолжува со средбите со високите претставници на ЕУ. Европскиот пат на Македонија и бугарската блокада, се денешните теми. Прв со кој се сретна утринава е претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

ЕУ останува на ставот за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ без одлагање е заклучокот од оваа средба. Ковачевски реферирал и за започнатиот интензивен дијалог со Бугарија, од кој во наредниот период се очекуваат резултати кои ќе го помогнат изготвувањето на патоказот за спроведување на заеднички прифатените проекти со крајна цел да се деблокира постапката за првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ.

Инаку, Улогата на Мишел како претседател на Европскиот Совет и директен соговорник на шефовите на држави и влади може да помогне во овој процес. Мишел е исто така сопартиец и близок со францускиот премиер Емануел Макрон. Со Мишел се очекуваат разговори и за регионалните прашања. Ковачевски се сретна и со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе