Вести Ковид19 Свет

Нема повеќе локдаун за невакцинираните во Австрија

Во Австрија од полноќ престана да важи локдаунот за невакцинираните кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна.

Невакцинираните луѓе неколку недели можеа да одат само во самопослуга, аптека, пошта, банка, на лекар, на работа или на училиште и на прошетка, но само со луѓе од исто домаќинство.

Сепак, укинувањето на карантинот не им ги враќа сите слободи на невакцинираните.

Имено, во продавниците кои не продаваат намирници или средства за хигиена важи правилото „2Г“ што значи дека се „отворени“ само за вакцинирани и луѓе кои прележале Ковид-19.

Истото правило важи и за угостителството, хотелите, културните и спортските настани, како и на многу други места.

Она што сега повторно може да го направат невакцинираните е слободно да се движат надвор од дома, како и да ги посетуваат пријателите.

Австриската Влада во саботата донесе одлука за натамошно олеснување на епидемиолошките мерки, според која од 5 февруари работата на угостителските објекти ќе биде продолжена до полноќ.

Следниот чекор предвидува укинување на правилото „2Г“ и преминување на „3Г“ во угостителството.

Сите овие мерки, како што посочија претставници на Владата во Виена, се можни поради новиот сој омикрон, кој ги промени правилата на игра, односно повеќе луѓе се заразени, но состојбата во болниците останува стабилна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе