4.480 лица на загинати Украинци се прикажани на ѕидот на киевскиот манастир Свети Михаил. На црковниот ѕид избоен во боите на украинското знаме се прикажани речиси 5 илјади припадници на вооружените сили на Украина.
Со големи букви е напишано Паметник на хероите. Војниците заинале за време на 8-годишниот конфликт во источна Украина, во областа која е контролирана од проруски сепаратисти. Но загинатите ги потсетуваат и живите дека на границата меѓу Русија и Украина има повторно тензии, невидени досега поради што е вклучен алармот кој остана само на засега нереализирани предвидувања за можна руска инвазија.

И додека дипломатите се обидуваат да најдат излез од лавиринтот, милиони Украинци продолжуваат со животот надевајќи се дека нема да дојде до најлошото можно сценарио и потсетувајќи се дека веќе 8 години живеат во кризна состојба.
Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека наскоро ќе испрати мал број американски војници за да го зајакне присуството на НАТО во Источна Европа, бидејќи тензиите се зголемуваат поради военото засилување на Русија долж границите на Украина.
„Во блиска иднина ќе префрлам војници во земјите од Источна Европа и НАТО. Не премногу“, им рече Бајден на новинарите при неговото враќање во Вашингтон од Филаделфија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и полскиот премиер Матеуш Моравјецки, како и нивните екстремно десно ориентирани европски сојузници обединети во партискиот блок Суверенисти побараа денес во Мадрид од Европската Унија да покаже солидарност во кризата настаната со Русија околу Украина. На состанокот учествувала, но не се согласила со заклучоците и претседателката на францускиот Национален фронт Мари ле Пен.
Токму Унгарија и Полска кои имаат десничарски влади се први соседи на Украина со која се граничат на исток. Бараат реакција и солидарност од ЕУ, додека и францускиот претседател Макрон и британскиот премиер Џонсон се обидуваат да помогнат во дипломатските напори за надминување на кризата, во која жртва може да биде и енергијата поради руската продажба на гас на Европа.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.