Вести Македонија

Опозицијата најавува широк фронт од април за делегитимирање на власта

Претседателот на БЕСА Билал Касами бара брзи предвремени избори. Смета дека во овој момент треба да се иницира лидерска средба на која ќе се разговара за ова прашање. Партијата ги повика сите невладини организации и професионалци да дадат придонес кон уривањеето ан актуелната власт. Дел  од БЕСА стана и внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани кој на локалните избори настапи како независен кандидат за градоначалник на Кичево.Доколку партиите не успеат да се договорат за предвремени избори, Касами најавува формирање на  широк опозициски  фронт .

Предвремени избори бараат и Алијанса на Албанците и ВМРО ДПМНЕ. Сметаат дека тоа е единствениот излез од кризата со која се соочува државата.

СДСМ и ДУИ се подготвени за разговори но тврдат  дека предвремни парламентарни избори нема да има а новата Влада ќе го истера мандатот до 2024 година.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Sasko Dimovski

Европската Унија постигна договор за 21-от пакет санкции за Русија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе