Владата завчера по препорака на Комисијата за заразни болести одлучи наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, но Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вчера побараа преиспитување на оваа одлука.
Во исто време, се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на пациентите хоспитализирани поради КОВИД-19 и се поголемиот број заразени со вирусот изминатите денови. Во земјава вчера беа активни 16.442 случаи на коронавирус.
Педијатрите велат дека владината одлука одлука е избрзана и дека е неопходно децата да се тестираат пред влез во училиште.