Ковид19 Македонија

Се чека на протоколите на МОН – родителите со поделени мислења

„Поддршка за онлајн настава во учебната 2020/2021 година“ е името на фејбук групата, која брои околу 3.500 членови, а  деновиве „врие“ од коментари поврзани со стартот на новата школската година.

Искрено како родител не гледам причина за нервоза околу одлуките на МОН за започнување на новата учебна година.Јас како родител имам одговорност и јас одлучувам за моето дете.Нема сила која ќе ме натера моето дете да влезе во училница ,бидејќи последиците ќе ги сносиме ние родителите, не МОН.

е само еден од низата на објави од родителели кои деновиве покренаа и онлајн петиција ниовните деца да слушаат настава и да учат од дома.  Од друга страна на социјалната мрежа Фејсбук никна уште една страница која е ЗА учениците да се вратат во учичинишните клупи. Од МОН велат дека родителите , директорите на училиштата и инаставниците биле анкетирани во јуни  ,и дека министерството не не отстапуваат од тоа дека учениците од септември ќе седнат во училишните клупи, што беше и една од прпораката на обединетите нации за настава со физичко присуство.

Работната група во МОН денеска има состанок за да го конкретизира моделот за основно образование. Се инсистира сè да биде завршено до понеделинк.

Инаку училиштата во Македонија беа затворени на 11 март сљмао неколку дена пред да биде прогласена вонредна состојба поради корона вирусот , а учениците годината ја завршија онлајн.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе