Во делчевскиот регион во радиус од 10 километри од местото каде што се појави африканската свинска чума во тек е пописот, но и утврдување на нерегистрирани одгледувалишата на домашни свињи.
Регионалниот инспектор Ванчо Новоселски за Телма вели дека очекува овој вонреден попис да заврши утре, а се очекува првичната бројка од 740 да се зголеми и да изнесува околу 1.000 свињи на оваа територија.
Потоа ќе почнат и клиничките прегледи и тестирања на свињите, кои во рок од 24 до 48 часа треба да покажат дали има или не африканска свинска чума.
Доколку резултатите се негативни ќе бидат транспортирани во кланици, а доколку се позитивни тогаш се уништуваат во специјална јама.
