Вести Македонија Топ вести

Мицкоски предлага предвремени избори без техничка влада и со разговори за една изборна единица

Час поскоро треба да се случат предвремени парламентарни избори. Ова парламентарно мнозинство и владата на ДУИ администрирана од Ковачески се одржува на вештачки начин, порача денеска од Охрид Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека наскоро опозициската партија ќе предложи и активности во насока на што поскоро распишување нови избори.

– Подготвени сме и до Парламентот ќе доставиме измени на Изборниот законик, во кои што нема да има техничка влада односно сто дена губење време на граѓаните, туку ќе го користиме оној уставен рок од 45 до 60 дена, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, порача, не се противи да се оди на избори и со постојниот состав на владата.

– Ако се исплашени нека остане Спасовски министер за внатрешни работи, нека остане новиот министер за труд и социјала. Нема да има од опозицијата заменици во земјоделство, финансии, во информатичко општество, нека остане оваа влада каква што е и да одиме на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски, притоа најавувајќи дека опозициската партија е подготвена да разговара и за воведување на една изборна единица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе