Вести Ковид19 Свет

Во САД скратена изолација за асимптоматски инфицирани

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) го скрати препорачаното време на изолација за лицата со Ковид-19 кои немаат симптоми на болеста, па наместо претходните десет, сега им се препорачува пет дена изолација.

ЦДЦ, исто така, препорача дека асимптоматските пациенти, по пет дена изолација, треба да носат маска во следните пет дена кога се опкружени со други.

Се препорачува петдневна самоизолација за оние кои биле изложени на вирусот и не биле вакцинирани или повеќе од шест месеци по примањето на втората доза на некоја вакцина mRNA или повеќе од два месеци по примањето доза на Џонсон и Џонсон вакцина без бустер доза. И овие луѓе треба да носат маска пет дена по самоизолацијата.

„Новите препораки за изолација и самоизолација на ЦДЦ го балансираат сегашното знаење за ширењето на вирусот и заштитата што ја обезбедуваат вакцините и засилувачките дози“, рече директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски.

Во Соединетите Американски Држави, варијантата омикрон е присутна во 73 проценти од инфекциите со коронавирус. Расте и бројот на заразени меѓу вакцинираните, вклучително и оние кои примиле трета, зголемена доза од вакцината. Сепак, варијантата Омикрон се чини дека предизвикува поблаги симптоми кај вакцинираната популација, а многумина немаат никакви симптоми.

Главниот медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи, минатата недела рече дека намалувањето на времетраењето на изолацијата кај асимптоматските случаи ќе им помогне на тие луѓе брзо да се вратат на работа и на училиште.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе