Вести Ковид19 Свет

Австралија потврди прв смртен случај од Омикрон

Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска пријави повеќе од  6.000 новозаразени со Ковид-19 и го потврди првиот смртен случај од новиот сој на вирусот – Омикрон.

Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, денеска пријави 6.324 нови инфекции, што е за 70 помалку од највисокиот број регистриран претходниот ден. Во болниците од Ковид се лекуваат 524 лица, од кои 55 на интензивна нега.

Новите мерки во таа австралиска држава стапија на сила денеска, вклучувајќи ограничувања за едно лице на два метри квадратни во баровите и рестораните и задолжителна проверка на вакцинираните лица и нивните кодови во угостителскиот сектор.

Државата Викторија денеска пријави 1.999 новозаразени и три смртни случаи. Шефот на штабот за Ковид во таа држава воведе случајно геномско тестирање за сојот Омикрон со цел подобро да се разбере ширењето на инфекцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе