Потребни се превентивни мерки и тестирања со антиген тестови за влез во државата, особено во претпразничниот период кога ќе има голема фреквенција на границите.
Гевгелискиот епидемиолог доктор Сашо Олумчев вели дека тестирањето ќе ни биде показател како се шири вирусот омикрон и како да се постапува понатаму.
Олумчев вели дека мора да има контрола не само на границите, туку и почитување на основните мерки за заштита од вирусот, како и да се избегнуваат групирања, за да не се направи оптоварување на здравствениот систем.
Вирусот омикрон веќе е детектиран во земјава. Лекарите предупредуваат дека наскоро тој ќе биде доминантна варијанта на ковид-19, бидејќи брзо се шири.
Сузана Мицева
