Вести Ковид19 Свет

Франција им препорача на своите граѓани трета доза вакцина против Ковид-19 да примат по три месеци од првото аплицирање

Францускиот Висок здравствен орган препорача трета доза вакцина против Ковид-19 да се прими по три месеци од првата доза наместо како што е досега, по пет месеци.

Високиот орган за здравство (ХАС), во соопштение за медиумите даде две нови препораки за вакцинација против Ковид-19 –  се препорачува да се намали временскиот период за трета вакцина на три месеци, наспроти пет во моментов и препорака – засилувачка доза за адолесценти на возраст од 12 до 17 години кои имаат имунодефициенција или сериозен ризичен коморбидитет.

-Првите податоци од реалниот живот сугерираат дека вакцините што моментно се користат во Франција се ефикасни против полесните симптоматски форми на сојот Омикрон со 80 отсто на 1-2 месеци, но ја губат својата ефикасност побрзо отколку со претходните варијанти, соопшти ХАС.

Клиничкото испитување спроведено од лабораторијата Фајзер, кое има за цел да ја процени ефикасноста и безбедноста на бустер дозата кај адолесцентите, се уште е во тек.

Бадник во Франција е под закана од сојот Омикрон – втор ден по ред во државата е регистриран рекорден број на новозаразени – 91.608 за 24 часа, објави министерот за здравство Оливие Веран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Sasko Dimovski

Европската Унија постигна договор за 21-от пакет санкции за Русија

Sasko Dimovski

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе