Вести Ковид19 Свет

Белгија ќе започне со вакцинирање на деца од 5 до 11 години против Ковид-19

Белгискиот министер за здравство Франк Ванденброук најави дека ќе започне процесот на вакцинирање на децата на возраст од 5 до 11 години против коронавирус.

Белгискиот министер за здравство Франк Ванденброук рече дека вакцинацијата ќе се врши на доброволна основа, под контрола на родителите или законските старатели.

Приоритет ќе имаат децата од „групата со висок ризик“ на кои строго им се препорачува да се вакцинираат. Откако ќе се утврдат овие деца, до крајот на месецот ќе бидат испратени известувања до нивните домови.

На децата од оваа возрасна група ќе им биде дадена вакцината произведена од Фајзер, а помеѓу двете дози ќе има минимум 21 ден.

Вакцинацијата беше одобрена за возрасната група од 5 до 11 години

Европската агенција за лекови (ЕМА), регулаторот за лекови на ЕУ, на 25 ноември ја одобри вакцината Фајзер за возрасната група од 5 до 11 години, каде што се забележани високи стапки на инфекција.

По одобрувањето на ЕМА, Ванденброук објави дека 336.000 дози од вакцината за деца ќе пристигнат во земјата пред крајот на месецот.

Европските земји Австрија, Унгарија, Грција и Шпанија, овој месец ја забрзаа вакцинацијата на децата против Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Британскиот премиер Стармер, без да го именува Џ.Д Венс, ги критикуваше „луѓето кои се мешаат во нашата демократија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе