Вести Македонија

Одбиено е барањето на косовскиот зам.министер за правда во затвор да ги посети терористите од Диво Насеље

Одбиено е барањето на косовскиот заменик министер за правда Блерим Салаху да ги посети  косовските државјани осудени за нападот во Диво Насеље.

Управата за извршување смета дека тој не е конзуларен преставник туку политички и именуван функционер што е спротивно на меѓународното право. Санкции се повикува на законот со кој осудените странци кои издржуваат казна затвор во земјава можат да бидат посетувани само од конзуларен претставник. Во случајов, Амбасадата на Република Косово се обратила со барање да му се овозможи на заменикот министер за правда на Република Косово да ги посети косовските државјани во Идризово, а не го именувала за конзуларен преставник.

Во соопштението од правда се додава дека министерот може да го посети затворот но не и затворениците во него.

Вчера Телма објави дека се бара итна посета на 17-те терористи кои учествуваа во инцидентите во кумановската населба.

Тие се осудени на доживотен или затвор од 40 години, за настанот кој се случи во 2015 та. Пресудите по жалба се во врховниот суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Планот „А“ за Македонија останува – исполнување на уставните измени

Дејан Дејан

Во странство моментално се лекуваат 15 повредените од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Пратеничката група на „Вреди“ се подели на две и сега ќе брои девет пратеници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе