Вести Свет

Стејт департмент: Русите ќе мора да одат во Полска за иселенички визи за САД

Русите кои сакаат да аплицираат за иселеничка виза за Соединетите Американски Држави, сега мора да одат во амбасадата на САД во Полска. Како што соопшти Стејт департментот таа услуга повеќе не е достапна во Русија.

На веб-страницата на Стејт департментот, Русија е додадена на списокот на земји каде што САД немаат конзуларно претставништво или чија политичка или безбедносна ситуација е доволно несигурна или неизвесна што ограничениот конзуларен персонал не може да ги разгледува барањата за виза. Како што е наведено, меѓу десетината земји на списокот се земји во војна или непријатели на Вашингтон како Куба, Иран, Венецуела и Сирија.

Амбасадата на САД во Москва ќе продолжи да издава само дипломатски или официјални визи. Ваквиот развој на настаните се должи на нерешените тензии меѓу САД и Русија и протерувањето на дипломатите од двете страни. На потегот на САД реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова која објави дека „Американските дипломати долго време го уништуваат системот на конзуларните услуги во Русија, претворајќи во пекол нешто што треба да биде рутинска, техничка процедура“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе