Француските пратеници доцна синоќа дадоа зелено светло за контроверзниот предлог-закон што дозволува користење на здравствени сертификати да продолжи до 31 јули 2022 година.
Со тие документи, Франција го ограничува пристапот до голем број јавни места како што се барови, кафулиња, кина и транспорт за долги релации. Од 30 август ваквите пропусници се задолжителни и за 1,8 милиони луѓе.
Предлог -законот беше усвоен со само 135 гласови „за“ и 125 „против“ по дводневните расправи во парламентот, придружени со напади и навреди. Текстот треба да се разгледа од Сенатот на 28 октомври.
Новата владина мерка има за цел да ги охрабри оние 26,5 отсто од Французите кои се уште не ги примиле своите две дози да се вакцинираат.
Имаше протести секоја сабота од воведувањето на здравствените сертификати во Франција.
