Вести Свет

Претставничкиот дом одлучува за кривична постапка против Бенон

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе гласа за покренување кривична постапка против поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон затоа што одбива да сведочи пред конгресната комисија која го истражува упадот на демонстрантите во Капитол на 6 јануари годинава.

Деветчлената комисија едногласно одлучи да побара од Претставничкиот дом да одобри правна постапка против Бенон.

Поранешниот советник на Трамп требаше да се појави пред комисијата за да ја објасни својата улога и сознанија околу организацијата и одржувањето на протестите против официјалното потврдување на резултатите од претседателските избори минатата година.

Сведоците кои се повикани правно се обврзани да дојдат. Кога ќе се сетите дека ние тука истражуваме насилен напад врз седиштето на нашата демократија, извршен од наши сограѓани врз нашиот устав, и обид да се запре потврдувањето на изборни резултати. Јас сум шокиран, шокиран дека некој нема да направи се што може за да ѝ помогне на нашата истрага. Штета што г-динот Бенон нѐ стави во ваква позиција. Но ние нема да прифатиме „не“ како одговор, изјави Бени Томпсон – претседател на комисијата

Комисијата смета дека Бенон не само што бил темелно запознат со плановите за 6-ти јануари, најавувајќи им на своите слушатели дека ќе настане „општ хаос“, туку го товарат и дека имал сериозна улога во нивното формирање.

Исто така се чини дека имал детални сознанија за напорите на претседателот Трамп да убеди милиони Американци во измамата дека изборите биле украдени од него. Според зборовите на многумина кои учествуваа во нападот на 6-ти јануари, насилството беше директен одговор на постојаните тврдења на претседателот Трамп, од изборите па до 6-ти јануари, дека тој победил на изборите – рече Лиз Чејни – потпретседател на комисијата

Бенон одбивањето да сведочи пред комисијата го оправдува со т.н извршна привилегија, која е правен принцип што заштитува голем дел од комуникацијата во Белата куќа. Повикувајќи се на тој принцип Трамп им порача на сите негови поранешни соработници да ги одбијат повиците од комисијата, и поднесе тужба за да се стопира постапката за преземање на трнскриптите од националната архива.

Тврдењата на г-динот Бенон и г-динот Трамп за извршна привилегија, сепак откриваат една работа. Тие сугерираат дека претседателот Трамп бил лично вклучен во планирањето и извршувањето на 6-ти јануари, и оваа комисија ќе ја открие вистината – додаде Чејни

На денот кога требаше Конгресот да ги потврди резултатите од изборите во ноември, во Вашингтон се одржаа протести, кои излегоа од контрола и завршија со упад во Конгресот, во кој животот го загубија 5 лица а стотици беа повредени. 670 луѓе до сега беа официјално обвинети за учество во насилството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе