Ковид19 Македонија

Нови 472 случаи на Ковид-19 од направени 3.431 тестирање, вкупно 14 починати и 498 оздравени пациенти

Во последните 24 часа, регистрирани се 472 нови случаи на САРС-КоВ-2 од направени 3.431 тестирање, пријавени се вкупно 14 починати лица – осум во последното деноноќие и шест преку системот „Мој термин“ од 18 септември до 12 октомври 2021. Евидентирани се и 498 пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.

Од осумте починати во изминатите 24 часа: пет починати лица се од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), две се од Кочани (85г и 68г) и едно починато лице од Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште шест починати лица, со датум на смрт од 18.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се двe починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица четири се починати во болнички услови, а две во домашни услови

Од новите 472 случаи, од Скопје се 222, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Од евидентираните 498 оздравени пациенти,  од Скопје се 255, Куманово – 58, Велес – 28, Охрид – 19, Струмица – 18, Прилеп – 17, Битола – 15, Кавадарци и Штип – по 14, Струга – 9, Кичево – 7, Крива Паланка – 5, Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Ресен, Делчево и Пробиштип – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Направени се 3.431 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–44, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–14, Жан Митрев (Филип Втори)-54,Авицена-164, Биотек-238, Систина-97, лабораторија Лаор-150, Синлаб-19, Ремедика-20, Плодност–44, Генеа-9,Никоб лаб-344, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-42, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.575.

Досега во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бела пена се влева од Лепенец во Вардар, со дрон се бараат виновниците

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Во лето снег падна на Пелистер

Kristina Kuzmanovski

Уставните измени со одложено дејство се враќаат на маса

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе