Вести Свет

Во Британија со денови се чека за слободен кревет во болница

И по 50 часа во британските болници чекаат пациенти додека не се ослободи кревет во здравствената установа, пишува „Индепендент“.

Пациенти од различни болници велат дека чекале повеќе од 40 часа во одделенија каде што биле оставени со брза помош. Во исто време, персоналот на болниците коментира дека тоа секојдневно се случува. Покрај тоа, има случаи кога пациенти чекаат и по 13 часа во возилата на брзата помош за да стигнат до оддел за итни случаи.

Ова важи и за возрасни и за деца, вклучително и за оние со проблеми со менталното здравје.

Според весникот, ова докажува дека зимската здравствена криза веќе се случува.

Во една од болниците, тинејџер со сериозно ментално нарушување чека речиси два дена во ургентниот центар – токму затоа што нема доволно кревети во соодветно одделение, пишува „Индепендент“.

Таков прилив на пациенти обично се случува само во зима, а оваа година е неколку месеци порано. Сега 91 отсто од сите болнички кревети во Англија се зафатени, додека прагот е 85 отсто.

Британските лекари велат дека претстојната зима ќе биде тежок тест за целиот систем. Тие ја повикуваат британската влада да утврди потенцијална криза и да го поддржи здравствениот систем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе