Вести Свет

Борел оптимист за преговорите за иранската нуклеарна програма

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел денеска изрази надеж дека европските и иранските дипломати наскоро ќе се сретнат за да се обидат да ги заживеат нуклеарните преговори, но одби да ги потврди извештаите дека состанокот ќе се одржи в четврток во Брисел.

Претходно, „Блумберг њуз“, повикувајќи се на изјава на ирански пратеник, информира дека иранскиот министер за надворешни работи вчера рекол оти состанокот ќе се одржи овој четврток.

Никогаш не се знае, а денес сум пооптимистичен од вчера. Сè уште нема потврда, но работите се подобруваат и се надевам дека во наредните денови ќе имаме подготвителни состаноци во Брисел, рече Борел во Луксембург, каде ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ

Преговарачот на ЕУ задолжен за иранската нуклеарна програма Енрике Мора минатиот четврток беше во Техеран за да се сретне со членовите на иранскиот преговарачки тим, четири месеци откако беа прекинати разговорите меѓу Иран и светските сили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе