50-годишен маж од село Милино, општина Лозово е уапсен попладнево, соопштија од МВР. Полицијата добила оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари.
Лицето додават од МВР е лишено од слобода за „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.
Неофицијално, тој нудел од 3000 до 5000 денари во замена за глас на независен кандидат.
Приведено лице осомничено за поткуп на гласачи
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.