Вести

Радев: Почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија е предворјето за влез во ЕУ

Претседателот на Бугарија Румен Радев повика на почитување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и посочи дека тоа е предворјето за нејзина интеграција во Европската унија.

Радев ја коментираше и темата за уништените бугарски воени гробишта во Република Северна Македонија. Тој рече дека случајот го истражуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана и истакна дека, според него, тоа претставува систематски процес на дебугаризација, процес на заживување на уништувањето на бугарското културно-историско наследство во Република Северна Македонија.

Не случајно го поставив токму ова прашање на Советот во Љубљана. Ова е предворјето на вратата за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминација, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, општествениот и политичкиот живот на оваа земја. Исклучително е важна нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во Уставот на Република Северна Македонија, и да бидат свечено прогласени од претседателот, владата и парламентот на Република Северна Македонија, додаде Румен Радев.

Бугарија категорично ќе реагира, и повеќе нема да остави ниту еден таков случај, додаде Радев, според кого вистинскиот проблем е дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе