Вести Свет

Владеачката ХДЗ казнета со 2,4 милиони евра поради кражба на државни пари во време на Санадер кој доби 7 години затвор

Врховниот суд во Загреб денеска ја објави конечната правосилна пресуда во познатиот хрватски скандал „Фими Медиа“ со што е потврдено дека актуелната владеачка партија (ХДЗ) во времето на мандатот на екс премиерот Иво Санадер извлекувала пари од државниот буџет за сопствени медиумски потреби, но и за лична корист на врвни партиски функционери.

Врховниот суд на Хрватска делумно ги потврдил казните пресудени во претходната постапка, но ја осудил владечката партија сега водена од актуелниот премиер Пленковиќ.

ХДЗ како партија и правно лице е прогласена за одговорна и ќе мора да уплати во буџетот на државата околу 2,4 милиони евра. 3,5 милиони куни или околу 465 илјади евра е казната за извршеното дело за партијата, додека останатите 14,6 милиони куни ( 1.940.000 евра ) се прогласени за „корист која не припаѓа“ на моќната конзервативна партија.

Криминалот според пресудата се случувал во периодот меѓу 2004-та и 2009-та година, кога со ХДЗ раководи Иво Санадер. Тој поради скандалот си поднесе оставка неколку години подоцна и почна долг судски процес кој конечно завршува на хрватскиот Врховен суд.

Санадер е осуден на 7 години затвор (казната му е намалена од 8) и треба да уплати во државниот буџет 14,9 милиони хрватски куни поради „несразмерност на имотот со неговите законски примања“. Тоа е околу 2 милиони евра која ќе треба да ги плати  поранешниот премиер.

Актуелниот премиер на Хрватска, но овојпат од позиција претседател на ХДЗ Андреј Пленковиќ се обрати на јавноста и соопшти дека ќе ја почитуваат судската одлука и ќе ја исплатат казната, но рече дека тоа не се однесува на актуелниот состав на партиското раководство кое нема никаква врска со сторениот финансиски криминал.

Опозиционата СДП преку партискиот лидер Пеѓа Грбин пак реагираше дека со ова се покажува и докажува како ХДЗ ја ограбувала државата и тоа не е етикета кој некој им ја лепи туку сега со пресудата е факт.

Во сличен тон со обвинувања за ХДЗ и актуелната власт реагираа и партиите Мост и Жив ѕид, платформата Можеме, но и актуелни пратеници во хрватскиот Сабор.

Осудени се и благајниците на ХДЗ во периодот на Санадер но на многу помали казни од некогашниот хрватски премиер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе