Вести Македонија Топ вести

Над 1.700 потписи на интернет петицијата за ослободување на велешанката Пале осомничена за убиството на партнерот-полицаец

Роднините на 23-годишната велешанка Пале Илоска иницираа интернет петиција занејзино ослободување откако беше осомничена за убиство на својот невенчан партнер Александар Ристовски после расправија и напад врз неа.

Ристовски беше полицаец во СВР Велес и имал 40 години, но и две пресуди за кривични дела со условни пресуди, од кои едната е за тешка сообраќајна несреќа со 6 повредени малолетници на тротоар, а втората е за изнуда и за закани кон сестрата на Пале Илоска.

За помалку од 4 дена на онлајн петицијата се собрани над 1700 потписи, а најмногу поддршка за притворената има во Скопје и во родниот Велес.

Онлајн петицијата ја иницираше нејзина братучедка која ги објасни приликите на притворената која влегла во врска со убиениот полицаец на тинејџерска возраст.

-Млада девојка без грижа од родителите на 16, 17-годишна возраст, пронаоѓа утеха во погрешна личност. Родители разведени, мајката болна, брат на мојот татко, нејзин татко, сега веќе починат. Сестра со која не живее поради дотичниот, бидејќи после смртта на мојот чичко, сака целата куќа да биде префрлена на неговата девојка. Се влечат по судови, дотичниот ја напаѓа нејзината сестра со закани дека по секоја цена мора да и ја препише куќата на сестрата, верувам за потоа по секоја цена да и ја земе, и да ја остави на патот…, стои во петицијата.

-Поранешните сопруги на А.Р. имале каде да се вратат, кај своите родители, а мојата братучедка останува сама, заробена во својата куќа. Никогаш досега се нема пожалено на никој дека е малтретирана, а притоа секогаш беше насмеана. Замислете со што сама се справувала. Не го поддржувам тоа што го направи, ама верувам дека секој човек би се борел за сопствениот живот, напиша братучетката која ја отвори онлајн петицијата за ослободување на притворената, на која досега има над 1.700 потписи собрани во последните 4 дена.

Јавното обвинителство Велес наведе дека осомничената го сторила убиството „при вршење на семејно насилство“. Но, на тоа претходела борба.

-Убиениот ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош која резултирала со смртна последица, соопшти обвинителството.

Убиениот полицаец имал и две условни пресуди за тешки кривични дела, но останал во полицијата бидејќи судот му изрекол условни казни, а не затворски од над 6 месеци.

Во едниот случај (2010. Година) Ристовски пијан возел пребрзо низ градот и со автомобил се качил на тротоар каде прегазил 6-мина тинејџери на малолетна возраст. Едно од повредените момчиња имало и потрес на мозок и повреди на главата.

Шест години подоцна, при оставинска постапка и се заканувал на сестрата на сега притворената Пале дека ќе ја задави, односно дека ќе ја запали жива сосе куќата во која живеела. И за ова добил условна пресуда лани (4 години по извршеното кривично дело), а повеќе може да прочитате на следната сторија.

Во милост на судството. Убиениот полицаец имал две условни казни за изнуда и закани по живот и за сообраќајна несреќа во која пијан удрил во 6 малолетници

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавија големата летна концертна сезона 2026

Sonja Petrusevska

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска за оддавање податоци на обвинето лице

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе