Македонија Најважни

Заев е против идејата да се скрати работноот време на администрацијата, но било дел од програмата на коалиционите партнери

Премиерот Заев е против предлог законот да се скрати работното време на администрацијата и таа да работи 36 наместо 40 часа неделно, а во петок само до 12. Идејата дошла од граѓани и влегла во предизборната програма на коалициониот партнер ДУИ. Тој лично смета дека не е добра , но вели конечниот збор ќе го имаат граѓаните. Гледам видливо мнозинство кое не е баш така среќно, и ако е така, може и тоа да биде сигнал законот да биде повлечен – вели Заев.

  • Прво, како народ треба повеќе да работиме, а не помалку. Но, како ветување предизборно на политичклите партиципиенти во власта, тој нацрт закон сега е ставен на ЕНЕР, и допрва се отворта дискусија за ова прашање, и јас верувам дека граѓаните ќе си го кажат тоа што е реалноста во државата. А реаслноста е, прво, ако сакаме сите тука швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе од таа што денеска го правиме, и тоа сите, јас тоа го кажувам почнувајќи од себе, па секако, за сите работници, и во приватниот и во јавниот сектор, рече Заев.

И додека коалиционите партнери во власта, како што велат – го тестираат  мислењето на граѓаните за оваа идеја – пред институциите редици. Граѓаните бесни. Велат, чекаат со часови шалтерот да проработи, и со денови не можат да извадат докоменти.

Експертите пак не гледаат никаква економска оправданост за ова решение во услови на финансиска, економска и здравствена криза. Велат тоа не е фер кон приватниот сектор кој го носи товарот на кризата. Најспорно е тоа што сите закони мора да поминат низ постапка за оценка на влијанието. Но според Неда Малеска од Центарот за управување со промени во овој предлогот закон во делот на оправданоста за негово донесување не пишува ништо

  • Сите досегашни министри имаат една реторика и неколку флоскули што ги користат а тоа е создавање на мала и ефикасна администрација. Да ја создадевме малата и ефикасна администрација, а потоа да прејдевме на некое вакво решение кое ќе ја подобри мотивираноста на вработените, можеби, пак ќе речам во комплетно други услови остава простор за разговор. Сега администрација која брои официјално 123.000 вработени, а неофицијално се шпекулира со 190.000 вработени, во такви услови ова решение не само што нема да ја подобри ефикасноса туку ќе го зголеми револтот на граѓаните кон администрацијата која и онака е по спора во испораката ну услугите кон граѓаните- Неда Малеска Сачмароска, Центар за управување со промени.

Министерот Јетон Шакири,од чие министерство доаѓа предлогот пак не гледа зошто тој не би бил прифатен. Вчера за Телма објасни дека целта на законот била да ја трансформираме администрацијата во мала, ефикасна, задоволна, лесно достапна на граѓаните и сервисно ориентирана.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе