Пандемијата ги задржа младите дома, па се зголеми бројот на запишани студенти на битолскиот Универзитет во оваа академска година. Бруцуши има над 1.250 за разлика од лани кога се запишаа 1.100 студенти во прва година на факултетите на УКЛО. Но, анкетата спроведена во рамките на Универзитетот во Битола покажа дека само 39 проценти од студентите одлучиле да се имунизиррат, па наставата во првиот семестар ќе се одвива онлајн.
-Пандемијата ги врати млдаите да студираат дома, ада состанат воз емјата и тактовината. Тоа е и шанса за државните универзитети да се посветат на своите студенти, да ги промениме студиските програми. Како резултат на тоа на нашите 11 единици на битолскиот универзите е зголемен растот, рече проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на УКЛО.
За разлика од студентите, 95 проценти од професорите и административниот кадар се вакцинирани, па ги повика студентите како дел од академската заедница, повеќе да веруваат во науката, наместо во теории на заговор.
-Од денес велгувате во светот на наукта. Ве поканувам сите да им верувате на научните работници кои што се борат со коронакризата. Сакам да ве поканам сите кои што не сте вакцинирани направете го тоа во наредниот период без да се грижите. Како што ние, вашите професори се грижиме да бидеме најдобри во нашата област, така професорите инфектолози подготвиле помош да се бориме против вирусот. Поскавувам што поскоро да имаме доволнен број вакцинирани студенти, за д аможеме онлајн настават да ја замениме со настава со физичко присуство, рече Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност.
На првиот академски час, професорите пред студентите проговорија за недостигот на кадар на државните универзитети, посебно асистенти и побараа државата да обезбеди вработување на подмладок,а, исто така, ги повикаа студнтите да се вклучат во битката против корупцијата во виското образование.
Емилија Мисирлиевска
