Вести Македонија

(Фотогалерија)ЕУ донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Европската Унија обезбеди донација за Државниот инспекторат за транспорт. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски се заблагодари до амбасадорот на ЕУ, Михаилис Рокас и порача дека сега Инспекторатот ќе може полесно и поефикасно да врши инспекциски надзор, да обезбедува поголема безбедност во сообраќајот како и подобра патна заштита.

„Благодарност до амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, за неговата лична посветеност во реализацијата на проектот, оваа донација не се само возила, туку и современ софтвер за следење на возилата, како и знаење и обука за инспекторите во Државниот инспекторат за транспорт. Оваа донација значи иднина“, напиша Николоски на својот „Фејсбук“ профил.

Министерот порача дека мора да се внимава на безбедноста на патиштата преку почитување на правилата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На градилиштето каде загина работник немало заштитни мрежи – објектот на Пречистителната станица доби забрана за работа

Дејан Дејан

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе