Македонија Најважни

Заев: Фашизмот останува, нема да биде отстранет ниту еден споменик

Историјата никој не може да ја негира ниту заборави, но од сите нас зависи дали ќе и подадеме рака на соверемена Европа или ќе живееме во блокада уште 27 години, вели Премиерот Заев. Негира дека ќе се отстрануваат споменици и ќе се менува историјата.

Заев се согласува со ставот на вицепремиерот Никола Димитров дека е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство, но убеден е дека Бугарија ќе даде зелено светло на почетокот на декември за да може да се организира првата меѓувладина конференција по што ќе следи скриниг процесот. Времето кое доаѓа треба да се искористи за мудри политики водејќи грижа за достоинството на македонскиот народ, почитувајќи ја историјата но истовремено и изнаоѓајќи  начини како да се приближиме до големото европско семејство.

Во надминување на спорот меѓу македонија и Бугарија ќе се вклучи и Вашинфготн. Веста вчера ја потврди Американската амбасадорка во земјава , Кејт Мери Брнс, откако новиот американски заменик-помошник државен секретар за Европа, габриел ескобар го најави ваквиот ангажман на САД.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе