Македонија Најважни

Собранието најверојатно нема да работи до ноември

Пратениците повторно ќе седнат во собраниските клупи дури откако ќе заврши вториот круг од локалните избори. Поради почетокот на изборната кампања од понеделник, Собранието нема да заседава. Народните избраници ниту денес не успеаа да се договорат да се одржи одложената 51 седница.

Голем број закони останаа блокирани. И власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за деструкции. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека владејачкото мнозинство не може да обезбеди кворум за работа па затоа одговорноста за немањето седница ја префрла на опозицијата.

СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно и работи на штета на граѓаните.

Предизборната атмосферата во законодавниот дом е присутна веќе со недели. Довикувања, свирежи, навреди, нетрпеливост, прекини и долги паузи. Во вакви услови заседаваа Комисиите за труд и социјална политика и за политички систем а ниту едно законско решение не е донесено. Некои комисии иако беа закажани подоцна се одложија. Законите меѓу кои и за академија на судии и јавни обвинители, за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта,  за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за измени на Кривичниот законик, за превоз на опасни материи, и други ќе се носат по завршувањето на локалните избори.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе