Македонија

ГИ „Учебници и настава мора да има“ со претставки до Антикорупциска и до Народниот правобранител

Граѓанската  иницијатива „Учебници и настава мора да има“ ќе поднесе претставки до Антикорупциска и до Народниот правобранител поради низата нерегуларности кои ги воочиле. Велат настава има, но учебници нема не само за четврто одделение, туку и во некои основни и средни училишта. Доколку не се обезбедат учебници до крајот на септември на сите ученици најавија бојкот на наставата и протести.

  • Светска банка даде средства како што и самата министерка најави, но не знам каде отидоа тие средства и како дозволивме да немаме учебници за нашите деца. Идната недела ќе поднесеме претставки до Антикорупциска бидејќи побаравме информации од јавен карактер од самото министерство кои ни одговорија многу смешно и тој документ ќе го видите од понеделник , така што следнава недела ќе работиме на претставки до Антикорупциска и до народниот правобранител се со цел да се утврди по кои законски прописи се донесе оваа реформа и концепција. И како ние без Закон за учебници и наставни материјали спроведуваме реформи кои законски не се  ниту спроведени ниту донесени, рече Драгана Спасевска, граѓанска иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе