До Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е доставена целокупната документација за набавката на модуларната болница во Тетово каде во пожар животот го загубија 14 лица. Шефицата на обвинителството, Вилма Русковска во интервју за РСЕ вели дека се работи за обемна документација, која ддопрва ќе се анализира, а потоа ќе се донесат одлуки за тоа како ќе се одвива случајот и дали ќе бидат повикани сведоци или некој кривично да одговара.
„Ако има некоја одговорност, односно во делот ако е повреден Законот за јавни набавки или во делот, бидејќи посебен закон е донесен за набавка на овие модуларни болници, или во тој дел ако е повреден, тогаш ќе одлучиме кого ќе распитаме и кого ќе викнеме. Сето останато е во делот што го води Основното обвинителство во Тетово“, вели Русковска.
