Вести Македонија

23 нови жртви од ковид, нови 464 случаи

Во дневниот ковид билтен 23 нови жртви на вирусот. Најголем број, односно 11 починати се од Скопје, по три загунеби битки за живот има во Охрид и во Струга, двајца свои сограѓани загубија Велешани, и по еден починат има во Тетово, Куманово, Кичево и Македонски Брод.

Најмладиот меѓу починатите има 40 години. Само двајца починале во домашни услови, останатите во болница.

Во последните 24 часа регистрирани се и 464 нови случаи со Ковид-19. Во Скопје – 225, Куманово – 42, Струмица – 35, Штип – 27, Велес – 24, Охрид – 21, Прилеп – 15, Тетово – 10, Свети Николе – 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Кавадарци, Кочани и Кратово – по 5, Гостивар, Битола, Дебар и Виница – по 4, Радовиш и Крива Паланка – по 3, Струга и Неготино – по 2, Гевгелија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Оздравеле 183 пацинети, а во моменто се активни 13.412 случаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе