Македонија Најважни

Властите знаеле за криминалот на дипломатите, ама чекале абер од ерменската истрага

На 23-ти август пристигнал во Виена и го зазел местото заменик на шеф на мисијата во Обсе, само 4 дена подоцна Миле Миленкоски е уапсен во Србија. Дипломатскиот скандал е отворен по ерменско барање за апсење, а во Македонија уште пред две години имале сознанија за можни нелегални активности на наши дипломати во странство.

Иако и Никола Димитров, тогашен шеф на дипломатијата синоќа и министерот за внатрешни Оливер Спасовски потврдија за сознанијата- до апсењето во Србија имаше само молк.

Истрагата била во друга земја, објаснува Спасовски.

На дипломатот му се заканува екстрадиција затоа што во 2018-та од Ерменија извлекол корумпиран функционер, брат на ерменскиот претседател и обвинет за перење на пари, криминали тешки стотици милиони евра.

Во евакуацијата на Левон Саркисјан од Ерменија покрај приведениот Миленкоски, учествувале уште двајца македонски дипломати кои изнајмиле приватен авион. Откако со години проблемот бил под теписите во МНР и МВР, ескалираше кога Миленкоски е упатен на нова мисија во ОБСЕ во Виена.

Во Австрија не го чепкале по распишаната меѓународна потерница и поради дипломатскиот статус, но на враќање бил уапсен во Србија.

Актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи побрза да каже дека тоа биле приватни активности на Миленкоски и сега е суспендиран.

Спасовски пак вели дека потерницата стигнала во време на техничкиот министер Наќе Чулев кој пак одговара дека му биле криени податоци и не бил информиран за потерницата по Миленкоски.

“Додека јас бев министер, ниту еден од пиуните на Оливер Спасовски до мене не достави информација за било каков криминал од меѓународни размери, напротив тие по негова насока правеа опструкции и вешто ги скриваа скандалите  правени од негова страна. Исто така,  дополнително ниту било која друга државна институција не ме информираше за наведениот скандал” – тврди Наќе Чулев..

Дополнително е што меѓународната потерница по Миленкоски е издадена една година откако во Македонија добил веќе нов безбедносен сертификат за строго доверливи информации. Сертификатот според извори на Телма, Миленкоски го добил на 13-ти февруари 2019-та, истата година кога надлежните слушнале за неговата операција. Но,  и покрај сите информации, безбедносните служби или знаеле за скандалот и за ерменската операција без да преземат активности или пак не знаеле односно молчеле без да преземат ништо.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе