Македонија Топ вести

Суптилната кампања одамна почната, премиерот вели-шириме позитивна енергија

Денеска промоција на реновираниот Бит пазар. Присутни: премиерот Заев ,вицепремиерот Груби, министерот Бектеши, градоначалникот на Скопје,Шилегов, градоначалникот на Чаир, Ганиу. Вчера, промоција на нова паралелка.Присутни:премиерот, скопскиот градоначалник, министерката Царовска.

Завчера: Шилегов на маалска средба во Ѓорче Петров, потпретседателот Битиќи во Гостивар, Филипче на средба во Велес. Неделава: камен темелник за изградба на мостот “ Љубљанска“, пристутни сите горенаведени.

Распишан тендер за изградба на  базен во Свети Николе, промовиран од актуелниот и кандидатот за градоначалник, Велковски. Премиерот и министрите деновиве се растрчани  како поддршка на локалните власти. Промовираат проекти, пуштаат патишта, отвораат градинки, спортски сали, ветуваат инвестиции и се фалат што направиле досега.

Промоцијата на кандидати трае веќе два месеци, а утрово во главниот град осамнаа и билборди со кампањски слогани. Го крши ли власта Изборниот законик со неформалниот старт на кампањата? Премиерот вели – не, ова не е кампања, туку ширење на позитивна енергија меѓу граѓаните.

Според изборните правила, по донесување одлука за распишување на локални избори не е дозволено да се инвестира во капитални објекти освен ако тоа претходно не било планирано.

И тука, според антикорупционерите, всушност партиите ги заобиколуваат изборните правила. Активностите се најавуваат уште кон крајот на претходната година, додека се само идејни решенија, за да можат без проблем да се промовираат непосредно пред избори.

Претседателската на Антикорупциската комисија деновиве укажа дека, со темпирањето на активностите се води суптилна кампања и вешт лов на гласови. Во овие игри не заостанува ниту опозицијата. И тие се одамна на терен, со тематски трибини и маалски средби. Секој ден промовираат кандидати, кои, пак, навестуваат и дел од своите програми. Но, законски никој ништо не им може затоа што кампањата официјално не е почната.

Од ДИК се прогласија за ненадлежни за делување се` додека кандидатите не бидат ставени на хартија.

Поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, вели дека тој  реагирал кога имало предвремена кампања и дека сега државните органи треба исто така да реагираат.

Изборната кампања започнува дваесет дена пред денот на изборите што би значело дека за овие локални избори распишани за 17 октомври кампањата почнува на 27 септември и ќе трае до полноќ на 15 октомври.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе