Се уште не е познато дали и кога ќе дојдат останатите групи од Авганистан. Агенцијата за национална безбедност (АНБ) извршила безбедносни проверки на сите кои пристигнале, согласно протоколите на АНБ и во соработка со пријателските служби. Овие лица од Авганистан имаат виза за 90 дена престој, а потоа ќе им се одреди односно ќе се уптатат каде што ќе им биде одредено. Засега нема инфромации дали некој ќе остане.
Потврдено е дека во терористичаката организација ИСИЛ имало 160 наши граѓани, од кои 60 загинале, а 90 се лоцирани и процесуирани дел во затворите во земјите од Блискиот исток, а тие што се вратени се процесуирани во нашите судови. Повратниците од ИСИЛ се под присмотра на АНБ.
