Вести Македонија

Времено вработени во државни институции ќе се ангажираат како попишувачи

Вработените со договор на дело во министерствата, органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа ќе му бидат ставени  на располагање на Заводот за статистика за потребите на пописот. Ќе добијат хонорар до 40 000 денари, исто како и останатите попишувачи, а понудениот ангажман  не смеат да го одбијат. Одлуката е донесена на седница на Влада поради немањето интерес за реонски попишувачи.

Огласот за попишувачи завршува денес. Поднесени се околу 8 000 апликации но останува неизвесно дали поради пандемијата сите ќе се појават на закажаната обука.Заводот за статистика ги повикува сите оние кои го пропуштиле првиот рок да дојдат повторно.ВМРО ДПМНЕ предлага пописот да биде електронски.

Најдобро е да се направи електронски попис.Без физичко присуство ќе се спречи ширењето на заразата, населението ќе се заштити и нема да има простор за манипулација, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Директорот на државниот завод за статистика, Симовски вели дека не доаѓа предвид сега да се менува методологијата на пописот. Уверува дека статистичката операција ќе се врши согласно сите здравствени и безбедносни протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе