Француските власти наредија евакуација на десетици илјади лица во југозападните региони на земјата каде беснеат неколку шумски пожари.

Рано утрово беше донесена одлука да се евакуира целиот полуостров Кап Ферет на западниот брег на Атлантскиот океан поради пожар кој се заканува да ја отсече оваа популарна туристичка дестинација од остатокот од Франција.

Десетици илјади лица, најголемиот дел туристи се евакуираат од полуостровот со автомобили, автобуси па дури и бродови.
Уште на 23.000 лица во соседниот департман Ланд им беше наредено да ги напуштат своите домови поради пожар кој изби вчера и започна брзо да се шири.

- „Прилично импресивно па дури и застрашувачки. Досега немало евакуација од вакви размери. Можеме само да се надеваме дека пожарникарите ќе успеат брзо да го стават под контрола. Мислам дека ќе ги искористат сите средства и со нетрпение ги очекуваат канадските авиони“ – Лоран Морети – Жител на Арес, град на Полуостровот Кап Ферет.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека 40.000 лица се евакуирани или во процес на евакуација поради пожарите во кои досега изгореа повеќе од 10.000 хектари површина и 53 домови.
Б.С.
