Вести Македонија

Водата во Крушево не е бактериолошка исправна – Центарот за јавно здравје Прилеп препорачува да не се користи за пиење

На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат флаширана вода, додека водата од Градскиот водовод, за приготвување на храна, перење и миење на садови да ја користат само после превривање од минимум 10 минути.

Известувањето до жителите на Крушево го испратија од Јавното претпријатие „Комуна“ , а по добиеното известување од Центарот за јавно здравје Прилеп дека водата за пиење од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна.

Од таму исто така информираат дека при испитување на крајпатните чешми Бензиска пумпа и Св. Петка, земени на 20.07.2026 год. е констатирана бактериолошка неисправност и истите не смеат да се користат како вода за пиење.

Препораките важат се до добивање на 3 (три) последователни исправни примероци од водата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Валандовското комунално цела недела молчело за забраната за пиење на водата од АХВ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе