Вести Економија Топ вести

Унгарската компанија Икарус избрана и на новиот повик за набавка на 150 автобуси

И на новиот повиок за набавка на 150 нови автобуси повторно избрани Унгарската фирма Електробус Икарус и австриската ЕВН, информираа од Министерството за транспорт и врски.
Во дописот од Министерството стои дека тие дале најниска цена од  3 .120 956 004 денари дез ДДВ, односно 19 796 924 денари без ДДВ по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ по единица станица за полнење.
По склучување на договорот  најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:
-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот
– 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот
-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.
На јавниот повик понуда доставиле четири фирми  – Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd,  – YES -EU DENMARK A/S YUTONG,  – BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi , – IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN. Рокот за жалба е 10 дена.
Ова е трет повик за набавка на нови автобуси. Најголем дел од нив ќе бидат за Скопје и неколку за други општини. Набавката на нови автобуси и процес кој трае веќе подолго време.
Во периодот кога со градот Скопје управуваше Данела Арсовска советниците од ВМРО ДПМНЕ не ја гласаа точката. Арсовска пак им велеше дека тоа е нивно ветување во програмата со која заеднички настапиле на локалните избори во 2021 .
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Kолку е безбедна водата што ја користи Специјализираната болница за белодробни заболувања во село Лешок?

Kristina Kuzmanovski

Филмот на Срѓан Јаниќијевиќ „ Нема да ви се верува што се случи претходно“ во натпреварувачката програма на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во Гостивар до крајот на следната недела

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе